Годинешното деветто издание на “Wave” се спроведува во 65 земји, во него учествуваат повеќе од 50.000 интернет корисници кои ги претставуваат погледите, потребите и однесувањето на 1 милијарда највлијателни корисници на интернет и социјалните медиуми од целиот свет.

Благодарение на Универзал Медиа Скопје, интернет корисниците од Македонија имаат можност да учествуваат во истражувањето и да ја постават Македонија на светската “Wave” мапа. Сè што треба да направат е да одвојат 30 минути и да го пополнат прашалникот на овој линк: https://surveys.globaltestmarket.com/survey/gmi/v1/448346?lang=BU.Секој учесник кој ќе го пополни прашалникот и точно ќе одговори на поставеното прашање добива можност да учествува во натпреварот за освојување Asus Tablet.


Деветто издание на “Wave”

“Wave” е најдолгата и најамбициозната годишна анализа на социјалните медиуми која ја спроведува медиумската агенција Универзал Медиа низ целиот свет. Истражувањето го мери влијанието на социјалните медиуми ширум светот истражувајќи ги новите можностите и промените кои настануваат во комуникациските технологии. Истражувањето во Македонија го спроведува Универзал Медиа Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2016 23:00