Организатори на овој културен настан се Македонско-бугарската стопанска комора, Стопанската комора на северо-западна Македонија и Здружението „Еснаф“ а манифестацијата има за цел промоција на Чаршијата и на културниот и мултиетнички соживот, преку вкусот на ќебапот, како спој на истокот и западот.
На отворањето предвидено е да се обратат министерот за економија, Дритон Кучи и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Најавено е учество на градоначалници и бизнисмени од Албанија, Бугарија, Косово, Македонија, дипломатскиот кор во Скопје, како и бизнисемни од регионот.
Во рамки на манифестација ќе биде организиран и форум на отворено и дебата за чаршиите како економски, туристички, културолошки центри што го поврзуваат регионот.
Организиран е и уметнички и културен перформанс, сплет од фолклорни и музички ноти, настап на музичкото дуо „Скупи” (Старова-Мехмети), изложба на акдемскиот сликар Решад Амети и креации на стилистот Цури.