Акциите на Microsoft пораснале 5,6%, искачувајќи се над рекордното ниво од 58,7 американски долари од 1999 година. Microsoft во изминатото тромесечје оствари приходи од 22,3 милијарди долари, што е раст од 3 отсто и повеќе од предвидените 21,7 милијарди долари.

Резултатите покажуваат дека преминот на Microsoft на cloud технологијата се покажа сосем исплатлива и не влијае негативно врз профитот.


По цели 17 години акциите на Мајкрософт го срушија личниот рекорд

Аналитичарот Брент Хил оценува дека cloud секторот на Microsoft „продолжува да импресионира“, со можни приходи од 20 милијарди долари во 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2016 23:20