- Проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ е целосно завршен од страна на стручната екипа. Можеме да го видиме тој прекрасен колоритен и богат фрескоживопис. Податоците при самите истражувања кога почна проектот да се реализира, говорат дека фрескоживописот има три слоја кои датираат од 12, 15 и 19 век.
Станува збор за два исклучително значајни проектa од областа на заштитата на културното наследство, кои ги реализира НУ Конзерваторски центар Скопје.По тој повод министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посети двете цркви, по што изјави дека проектите се одобрени во годишната програма на Минстерството за култура.
Министерката посочи дека за проектот за конзервација на фрескоживописот на црквата „Св. Петка“ од буџетот на Министерството за култура се издвоени 1 милион и 100 илјади денари. Таа рече дека во црквата „Св. Никола“ конзервацијата на фрескоживописот се работи од страна на стручната екипа при НУ Конзерваторски центар Скопје.
- Јужниот дел во делот на конзервација на фрескоживописот е целосно завршен. Се работи за црква од 14 век, еден богат фрескоживопис. Стручниот тим продолжува со работите на горната површина на црквата, а потоа од другата страна на црквата. Се очекува конзервацијата на фрескоживописот да заврши идната година - истакна Канческа-Милевска и потенцира дека црквите „Св. Никола“ и „Св. Петка“ се наоѓаат во Скопска Црна Гора и оти тој предел е богат со над 50 цркви и манастири.
Проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ е целосно завршен од страна на стручната екипа. Можеме да го видиме тој прекрасен колоритен и богат фрескоживопис. Податоците при самите истражувања кога почна проектот да се реализира, говорат дека фрескоживописот има три слоја кои датираат од 12, 15 и 19 век. Стручниот тим многу работеше на овој проект и претходно бидејќи самиот процес на конзервација е многу сложен - рече Канческа-Милевска. Таа се заблагодари на целокупната стручна екипа која работела на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“.
Директорката на НУ Конзерваторски центар Скопје, Ема Петрова, рече дека изработиле повеќе проекти за конзервација и реставрација на фрескоживопис, икони и иконостаси од црквите во скопскиот регион. - Оваа година завршуваме со реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на црквата „Св. Петка“ во Побожје, односно со старата црква која е од 15 век за која имаме сознанија, односно истражувачки работи, кои покажаа дека потекнува од 12 век. Во иднина ќе се продолжи со реставрација во останатите фази на црквата и понатаму кога ќе биде комплетно завршена со иконостасот - рече Петрова.