Изградбата на објектот, кој официјално се вика Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Република Македонија, се одвива непрекинато и во согласност со проектната документација и динамиката на работа доставена од изведувачот „Гранит“.
Објектот ќе има и придружни содржини во приземјето: помошни простории, електроблок за непрекинато напојување, резервоари за техничка вода, како и простор за контрола и мониторинг на објектот. Над приземните содржини ќе има голема тераса.
Вакви објекти, постојат во повеќе градови во Западна и Централна Европа и во нашето соседство како, на пример, Софија, Белград, Загреб, Подгорица и други.