На настанот кој е во организација на Општина Гази Баба и АКК Примо АВЈ, учество земаа 35 сопственици со своите возила од Македонија и Србија.Настанот го отвори градоначалникот Тони Трајковски и во своето обраќање апелираше до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на безбедноста, на сообраќајните правила и прописи.
Сите олд тајмери кои беа изложени се обратија на рутата од плоштадот во Автокоманда до Скопскиот саем, а од таму низ улиците на градот се до Триумфалната порта. По завршувањето на ревијалното возење сите учесници добија соодветни награди.