Истанбул ќе го организира престижниот фајнл-фор во евролигата оваа сезона а за наредната сезона честа му припадна на Белград “победувајќи“ ги Москва и Атина.

„Ова е голема победа за нашиот спорт. Иако на почетокот на преговорите се чинеше дека за нас тоа е некоја невозможна мисија. Сепак, градот Белград вложи огромни напори да ја добие организацијата на така големо натпреварување какво што несомнено е завршниот турнир на Евролигата. Направивме огромен исчекор“ - изјави за агенцијата Танјуг, Славко Гак, градскиот секретар за спорт и млади на Белград.


Одлуката донесена, Белград домаќин на фајнл-форот

Комбанк Арената во Белград за прв пат ќе биде домаќин на едно вакво големо натпреварување а капацитетот на Арената е околу 20.000 места.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2016 01:12