- Денеска, на Денот на Обединетите нации, кога вниманието на државите членки е свртено кон развојните цели за: свет без сиромаштија и глад, за пристојна работа, намалување на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните, економски раст, добро здравје, квалитетно образование, инфраструктура, чисти извори на енергија.
- Ве повикувам заедно да им ветиме на сите деца во Македонија и на сите млади во Македонија: Ќе го оствариме и нашиот заеднички сон за добар живот во Македонија! Планот што го направивме заедно, ќе овозможи живот во Македонија!
- Ќе ја победиме гладта и луѓето ќе ги извлечеме од сиромаштијата. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните. Силно ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да обезбедат пристојна работа на вработените. Целта што ја зацртавме е достоинствена просечна плата од 30.000 денари. Ќе ја постигнеме со економски раст во државата. Со шанси за отворање нови домашни фирми, преку старт ап центри со бесплатен деловен простор, со 1 евро основачки капитал - секој со добра идеја да може да работи и да помогне и на други да работат.
- Република Македонија е членка на Обединетите нации и ве уверувам, ќе биде дел од глобалниот развој – истакна Заев во своето обраќање по повод денот на Обединетите нации.