Кованата пара на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“, наведуваат од НБРМ. Таа е изработена од сребро со тежина од 31,1 грам, чистота на среброто од 28,77 грам и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 милиметри.
„Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари. Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква Св. Никола во Бари. Од десно се статуата на св. Никола во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург, ознаката „Аг925“, како и тежината на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик. Понатаму, на реверсот, во централниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на св. Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата на св. Серафим Саровски во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот „Свети Никола Чудотворец“ на руски јазик“ - информираат од НБРМ.
Цената на кованата пара која е за колекционерски цели изнесува 3.800 денари.