Од УЈП ги информираат граѓаните дека Управата за јавни приходи од 25 октомври отпочнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани, на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“. Со обуките кои ќе се спроведуваат во период од еден месец, се предвидени 46 работни средби со граѓаните од 36 општини низ Републиката.

Од управата за јавни приходи ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се пријават и да ги посетат обуките а учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности.

Обуките се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, а со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски.


УЈП започнува со обуки за начинот на пријава и оданочување на приходи од закуп



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2016 23:20