Свеченото отворање на настанот ќе се одржи во четврток на 27 октомври а настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Република Македонија.

Саемот е одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за здобивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис, и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор, известија од Францускиот институт.

Освен информации за студии во Франција, на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на три региони: Корзика, Нормандија и Алзас.


“Добредојде во Франција“ – Саем за студии и туризам

Ќе бидат организирани и работилници за подготовка на ЦВ и мотивациско писмо, кои ќе бидат отворени за сите посетители на Саемот за студии и туризам „Добредојде во Франција!“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2016 23:24