Еден од најдобрите разузнавачи Макс Ватан (Бред Пит) во 1942-та година е упатен на мисија во Северна Африка каде што ја запознава Мариана Беажур која е борец во редовите на Француските воени сили. За да го продолжат својот однос, парот се решава да се сретнат во Лондон односно подалеку од притисоците на војната, но сепак Макс Ватан не е сигурен во тој однос поради информациите и притисокот кој го има дека Мариана всушност е “германски“ шпион.