Приказната на новото време, наречена Едвард Сноуден, доби и свој филмски запис кој се појави минатиот месец во кино салите ширум светот. Филмот е целосно биографски и се раскажува за патот на Сноуден од неговите почетоци во Американската агенција за национална безбедност па се до објавувањето на тајните податоци, кои ги собирала Агенцијата за потребите на Белата куќа, во дигиталните медиуми.
Иако филмските критичари дадоа генерално високи оценки за филмот во режија на Оливер Стоун и главна улога Џозеф Гордон Левит според официјалниот “box office“ филмот досега има заработено околу 30 милиони долари, додека за неговото снимање и пост продукција е потрошена сума од 40 милиони долари.