Денес е испратен допис до Службен весник на Република Македонија со кој пратениците од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците бараат одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието да биде објавена со што тој и реално би можел да ја преземе власта.
На барањето за објавување на Одлуката во Службен весник е потпишан Заменикот на Генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, Неџбедин Ибраими.
Од Кабинетот на Џафери не очекуваат никакви опструкции бидејќи на одлуката за негов избор потпишани се и претседавачите на седницата Ферид Мухиќ и Горан Мисовски.