На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание.
Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом.
Собранието е место кадешто демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените.
Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка.
Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња., внимавајте што ви излегува од уста!
Тоа најмногу говори за вас.
Срамота!