Трибините на ВИП Арена во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат исполнети до последното место за натпреварот меѓу ракометните селекции на Македонија – Исланд. На неколку часа пред почетокот на натпреварот, продадени се сите влезници за дуелот.
Поради големиот интерес за натпреварот, а и од безбедносни причини, организаторот упатува апел сите кои имаат влезници, да дојдат порано, за уредно да го најдат своето место за седење. На денот на натпреварот, вратите во салата ќе бидат отворени од 18:30 часот, а ќе се затворат во 19:45 часот.
Почетокот на натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2018 меѓу Македонија и Исланд е закажан за 20:00 часот.