Во демократско општество владеењето на мнозинството доколку не се заснова врз начелото на владеење на правото, всушност преставува и се нарекува „Диктатура“. Ниедна демократска влада во светот несмее да биде избрана со кршење на начелото на владеење на правото. Тоа во старт претставува диктатура, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието со брутално кршење на Уставот, законот и Деловникот на Собранието. Се што во иднина би се донело со негово учевство, потпис или било каква активност, ќе биде плод на затруено дрво, ќе биде плод на диктаторски акт за назначување на Претседател на Собрание, потенцира тој.

Многу диктаторски влади, додава Груевски, биле признати од демократски системи, од една или друга причина.

Тоа нема да ја смени сликата. Ниту пак дека имале мнозинство, за кое немаше ниту запис, броење, стенограм и слично, за противзаконскиот и противуставен акт.

Груевски: Влада избрана надвор од владеење на правото е диктатура


Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2017 09:09