Претседателот на Демикратската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на партијата остварил средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, на Холандија Ваутер Пломп, на Шведска Матс Стафансон и со Марко Акватичи од Амбасадата на Германија, соопшти партијата.
– На средбата гостите го поздравија изборот на претседателот од парламентарното мнозинство на Собранието на Македонија и ја потврдија целосната поддршка од страна на ЕУ во однос на формирањето на извршните органи, со цел земјата преку нова и реформска влада да го продолжи што поскоро патот на интегративните процеси кон ЕУ и НАТО, информира ДУИ.