Партијата ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на информациите во некои медиуми за наводна смена на лидерот, Никола Груевски.

-Никола Груевски ја има максималната поддршка и на Извршниот и на Централниот комитет. Најважно од се’ е тоа што тој е политичар кој има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните – се вели во соопштението.

Никола Груевски, се вели во демантот, ја водеше партијата и во последната изборна победа на која мнозинството граѓани гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Според ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ Зоран Заев ги преплавува медиумите под контрола на Сорос со вакви лажни вести само за да ја дефокусира јавноста од внесувањето на знаме на Република Албанија во македонското Собрание.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2017 10:39