Сфатив дека господинот Иванов позитивно ги сфати моите апели, па испрати охрабрувачка порака, дека очекува Заев да дојде и да ги гарантира унитарноста и Уставот, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизијата „ТВ21“.

Тој е убеден дека претседателот Ѓорге Иванов овојпат ќе му додели мандат да формира влада зашто, како што тврди, ќе го убедел претседателот дека унитарноста на државата е загарантирана. Оваа негова изјава се однесува на изјавата што Иванов ја даде после средбата со американскиот заменик државен секретар, Брајан Хојт Ји

- Ќе одам и уште еднаш ќе гарантирам дека унитарноста ќе биде зачувана и унапредена. Ќе го убедам дека Македонија останува мултиетничко општество. Ќе го гарантираме територијалниот интегритет на Македонија - рече Заев во интервјуто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2017 10:42