По премиерата во Скопје, долгометражниот филм “Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, премиерно беше прикажан и во Струмица, каде што наиде на воодушевување од страна на Струмичани од причини што приказната според кој е направен филмот се однесува на пет струмички студенти кои во 1951 година биле егзекутирани.
“Направивме големо дело затоа што идеалот на петтемина срумички студенти долго време тлееше меѓутоа беше потиснат. Сега преку нашиот филм на некој начин воскресна таа нивна кауза, нивна верба во иднината“ – истакна режисерот Горан Тренчовски по завршувањето на премиерата.