Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи починал откако бил застрелан од огнено оружје од Ќ.А. (53) од село Боговиње во угостителски објект во непосредна близина на општината, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, во 10:45 часот Идризи бил донесен во Медицинскиот центар Тетово со повеќе прострелни рани по телото добиени од огнено оружје, по што било констатирано дека бил починат.

На настанот му претходела вербална расправија помеѓу Х.И. и Ќ.А.. Набргу потоа, Ќ.А. се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум во пределот на главата. Тој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински Центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител и увидна екипа од Сектрот за внатрешни работи Тетово. За сите понатамошни мерки по завршување на увидот ќе бидат дадени насоки од надлежниот Јавен обвинител, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2017 13:19