Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара надлежните институции да ги расветлат мотивите за убиството на градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи, кое, истакнува, во никој случај не било испровоцирано.

– ДУИ е длабоко потресена од веста за убиството на членот на нашето семејство и градоначалник на општина Боговиње Хазби Идризи, за време на извршувањето на својата должност во служба на граѓаните. Нашите мисли и срца во овие тешки моменти се со семејството и пријателите на Хазби Идризи, се вели во соопштението од ДУИ.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2017 13:29