Полицијата и безбедносните служби беа и ќе останат еден од најцврстите столбови на државата, кои ја гарантира нејзината стабилност и безбедност. Професионалците во полицијата сите овие години покажаа дека се на висина на задачата и дека нема ништо посвето од обврската да му служиш и да го штитиш сопствениот народ.
Вечно ќе ги паметиме хероите кои ги загубија своите животи бранејќи ја Република Македонија во Диво Насеље, но и сите оние кои се жртвуваа за време на вооружениот конфликт и во акциите кои беа реализирани во периодов кој е зад нас. Секоја акција во која се сузбиваа вооружени групи, групи кои се занимаваа со нелегална трговија со наркотици или каков било друг криминал ќе се памети и ќе остане пример како бескомпромисно се штити Уставот и законите на Република Македонија.
Учеството во бројни меѓународни операции за сузбивање на криминални групи се најдобар доказ дека македонската полиција прерасна во релевантен меѓународен партнер на кого може да се смета во секој момент. Справувањето со мигрантската криза беше еден таков предизвик со кој покажавме дека постои и волја и знаење и капацитет како да се справиме со најтешките ситуации.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе десет години многу инвестираше во развојот на полицијата. Почнувајќи од професионализацијата, преку инвестициите во најсовремена опрема и техника, па се до подобрувањето на стандардот на полициските службеници.
Како држава минавме низ многу кризи и ризици, но полициските службеници ја оправдаа довербата и секогаш беа на висина на задачата подготвени да застанат во одбрана на највисоките државни и национални интереси.
Нека ви е честит 7-ми мај, денот на полицијата.