Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети на Емануел Макрон му го честита изборот за претседател на Франција.

- Поздравувајќи го вашиот избор за претседател на Франција, дозволете ми во мое име и во име на сите при Демократската Унија за Интеграција, да ги изразам нашите искрени честитки за вас и францискиот народ за јасниот избор на европските вредности, вели Ахмети во честитката.

Евро-атланската интеграција, додава претседателот на ДУИ, останува единствена алтернатива за Македонија и целосно сум убеден дека ќе придонесете за зајакнување на европската перспектива за сите земји од Западен Балкан.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2017 17:59