Македонската пеачка Дани Димитровска извади нова песна и спот во која носталгично пее за главниот град.
Синглот е насловен како „Нема две“ и е дело на Весна Малинова Бабамова (музика и текст), и Кирил Бабамов (аранжман и продуцент), а снимена е во XL Студио/Дејан Момировски.
За видеото се користени сцени од првиот колор филм за Скопје, “Градот На Вардар”, снимен 1962-ра година во режија на големиот македонски филмски уметник, Бранко Гапо.
За што пеам? – За едни подзаборавени суштински вредности.. За љубовта, за луѓето, за градот, за срцето. За нас. За еднина. За целина. – Скопјево, ова моево, љубов ми е. Прва. – вели Дани.
Оваа песна се наоѓа на најновиот албум на Дани кој треба да излезе наскоро.