DMA Music го претставува второто издание Bronx 1.02, парче простор за меѓусебно видување, презентација, едукација и размена на различни стилови кои потекнуваат од хип-хоп културата. Овогодинешниот симбол на Bronx 1.02 е „Надвор од рамките“, место во кое отсуствува селективност на посетителите, како и место за осознавање и поттикнување на хип-хоп културата.
Cо таа цел, надвор од рамките, тргнавме од корените, фузијата на различни музички правци од Jazz, Blues, Funk и Reggae презентирани на хип-хоп платформа што посочува дека и широката маса може да си го најде своето место во еден сегмент на својот личен вкус и избор.
Главниот гостин на Bronx 1.02 е човек за кој не треба посебна најава бидејќи Скопје е наш град, во кој се наоѓа ТОНИ ЗЕН и неговиот бенд Fleka во музичкиот проект чија цел е сплотување со луѓето кои вибрираат во слична фрекфенција и создавње на хармонична, одржлива, долгоживотна реалност. Целокупниот состав сочинет од Sik SiGi (вокал), Благоја Антовски (тапани), Ади Имери (гитара и вокал), Мартин Јосивовски (контрабас и бас гитара), Борче Кузмановски (клавијатура), Борислав Веселинов (саксофон) доведуваат квалитетни инструментални елементи исцрпени од Jazz, Blues, Funk и Soul поставени на хип-хоп основи со совршена рима.
Следните учесници се многу интересен дел од целокупната програма, во кратки црти „Where there is smoke, there is FIYAH!“. Natty Fiyah SS е успешно експериментално разгранување со потекло до Conquering Lion, кој создаде вртоглав простор на слобода за меѓусебно надоплонување на различни музички правци од Reggae, Dub, Jungle, Drum'n'Bass а тој простор ќе го искористиме за freestyle хип – хоп презентација на младиот тетовскиот рап артист Трпески Никола - S.A.M.
Младата сила е поентата на постоењто на Bronx 1.02. Inklingz е рап група составена од Lirikoven Piroman и Lux Kmala.
Групата функционира од 2016 година и моментално го привршува својот прв албум, насловен - Tesseract. Inklingz негуваат сопствен звук и сопствен карактеристичен стил, изразен преку многубројни метафори, повеќесложени рими, игри на зборови и интелектуални ставови.
Можеби последни се споменати но воопшто немаат подредена улога во целокпуната програма. Druggy член на добро познатите Anomаlia Nativa, еден од основачите на TRAP DA FUCK UP колективот како и продуцент на хип-хоп артисти, и Nomaduzz ќе придонесат во совршената целина.
Покрај музичката програма ќе имаме можност креативно да се раздвижиме со помош на првата онлајн заедница за автори кои изработуваат уметност и дизајн – Modular, како и изложбата на фотографии од Марко Костовски.
Bronx 1.02, умствено опушти се, надвор од рамките !
Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на mktickets.mk, karti.com.mk, ticketplus.mk