Кацар и Druggy ги здружија силите за новата колаборативна трака „На Дело“.
Долгогодишните пријатели и соработници ја презентираа оваа нова песна во која Кацар во својата лирика го рефлектира гневот од политичката нестабилност која владее со години во нашата земја.
Druggy успева истиот тој гнев и револт да го пренесе и во музиката која изобилува со енергичност, и е свој одговор и порака од младите артисти до политичките фактори.
Лирик видеото е изработено од Тамара Марковска, а песната можете да ја најдете на музичкиот Youtube канал DMA Music.