Хрватскиот кошаркарски клуб Цибона од 1 јуни заминува во стечај поради финансиски проблеми, изјави поранешниот играч, тренер и претседател на клубот, Ацо Петровиќ.

– Од 1 јуни Цибона заминува во стечај и ќе го нема клубот. Нема да има клуб со такво име, грб и богата историја, изјави Петровиќ кој во Цибона дојде во 1976 година.

Тој додаде дека „ако не можеме да ја спасиме Цибона, барем достоинствено да ја погребаме“.

Во јавноста во Хрватска веќе се прошири вест дека Цибона ќе прави фузија со КК Загреб за да се направи нов клуб под име Загреб Цибона Нова.

Цибона која двапати беше првак на Европа, има 18 титули во Хрватска, седум национални купови, како и три шампински пехари и осум купови од поранешна Југославија и еден од АБА лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2017 16:29