Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска испрати телеграма со сочувство до семејството на музичарот перкусионист Зоран Маџиров кој почина денеска.

Заминувањето на овој голем уметник и човек претставува огромна загуба за вашето семејство, за македонската култура и македонската држава воопшто, напиша Елизабета Канческа-Милевска

- Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот маестро Зоран Маџиров. Заминувањето на овој голем уметник и човек претставува огромна загуба за вашето семејство, за македонската култура и македонската држава воопшто - напиша Канческа-Милевска.

Министерката истакнува дека е огромен придонесот на Зоран Маџиров во афирмацијата на македонското музичко творештво и неговиот ангажман во интензивната промоција на македонската култура на сите меридијани.

- Со неговата виртуозност, инвентивност, енергичност, мултиталентираност и бескрајна љубов кон музиката, маестро Маџиров несомнено остави зад себе непроценливо наследство кое верувам ќе биде голем поттик за новите генерации македонски уметници. Македонската култура вечно ќе го памети. Нека почива во мир - пишува во писмото со сочувство на Канческа-Милевска до семејството на Зоран Маџиров кој пред осум месеци имаше тешка сообраќајна несреќа и денеска почина на 49-годишна возраст.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2017 16:41