Портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Петре Шилегов, одговорајќи на новинарски прашања истакна дека Иванов треба што поскоро да го додели мандатот за состав на нова Влада.
Медиуми: Кога очекувате Иванов да ве повика и да ви го даде мандатот?
Шилегов: Очекуваме дека господинот Иванов ќе постапи согласно неговата уставна обврска и дека во уставниот рок ќе се заврши таа работа.
Медиуми: Кога истекува уставниот рок?
Шилегов: Соодветно на известувањето кое го има примено од претседателот на Собранието. Ден поскоро е ден подобро за Македонија.
Медиуми: Иванов многу пати знае да изненади, да претпоставиме дека тоа може да се случи и овој. Доколку тој не го додели мандатот, постои ли план Б односно план Ц бидејќи планот Б помина?
Шилегов: И во периодот кој помина и во периодот што претстои СДСМ секогаш ќе инсистира на добриот, демократски и мирен начин на трансфер на власт во Македонија. Нашите очекувања и нашата концентрација во овој момент се насочени, токму кон таквите дејствија.
Медиуми: Во дел од медиумите циркулираат имиња за новиот состав на Владата. Колку се точни овие информации и дали се почнати разговорите за формирање на новиот кабинет или станува збор за шпекулации?
Шилегов: Сите имиња кои се појавија во текот на вчерашниот ден се чиста шпекулација, досега не се разговарани персоналните решенија за соодветните ресори.
Медиуми: А распределбата на ресорите?
Шилегов: Пак велам, се што излезе во таа смисла е шпекулација. За нас е многу битно и тоа неколку пати го имаме повторено, Иванов согласно уставните обврски да го додели мандатот, па откако претседателот на СДСМ ќе се стекне со статус на мандатар, официјално да ги започне преговорите и разговорите за состав на нова реформска Влада.