Жена на 53-годишна возраст е пронајдена мртва со убодни рани од нож во пределот на вратот и рацете во нејзиниот дом на улицата „Елисие Поповски“.

Станува збор за М.С.Ј, родена 1964 година, која според првичните информации работела како лекар на Клиниката на нефрологија.

Полицијата потврди дека случајот кај нив бил пријавен синоќа околу 21 часот по што веднаш е излезено на лице место.

Од страна на екипа на Итната медицинска помош е констатирана смрт. За случајот е известен и јавен обвинител, а телото на починатата е предадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2017 13:07