Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес поднел иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на легитимноста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

– Денес поднесов иницијатива до Уставниот суд и сметам дека сè додека Уставниот суд не се произнесе за поништување на одлуката за избор на претседател на Собранието, Талат Џафери нема никаков легитимитет лажно да се претставува како претседател на Собранието бидејќи неговиот, јас не велам избор, прокламација на неопределен број пратеници е извршен во спротивност со Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието, изјави Петров за Телевизија Нова.

Според него, прекршени се голем број на одредби од Уставот, законите и Деловникот на Собранието за што може да се покрене и кривична одговорност.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2017 13:36