Нашата претставничка Јана Бурческа вечерва блесна во полн сјај на големата евровизиска сцена во Киев на втората полуфинална вечер со „Dance Alone“ иако таа на сцената излезе „сама“ без придружна екипа.
Таа имаше одличен настап, а со публиката преку евровизската најава во вид на спот ја сподели и доброчуваната тајна, дека е бремена за што честитки доби и на официјалната Фејсбук страна на Евросонг со коментар дека нашата Јана сепак не танцувала сама на сцената.