23-годишната претставничка на Македонија на изборот за песна на Евровизија преку евровизиската најава за нејзиниот настап ја откри дека е трудна.
Според информации кои доаѓаат од Киев, пред почетокот на настапот на нашата претставничка на коментаторите на сите земји им било посочено внимателно да ја следат најавата на Јана Бурческа поради тоа што требало да се испрати радосна вест.
Токму во таа најава во еден кадар Јана е легната на ултра звук, додека во друг кадар се појавува како купува детска облека и се наоѓа на место каде што има детски играчки.
Makpress.mk и честита. И за настапот и за бременоста.