Јана Бурческа пред целата евровизиска јавност, вечерва беше запросена од своето момче Александар Филиповски.
Јана и Александар, инаку гитаристот од нејзиниот бенд „Оф битз“, се заедно две години. Александар е во Киев и оттаму ја бодреше Јана. Вечерва, пред да почне гласањето тој ја побара за жена.
Ова е прво запросување воопшто во 62 годишната историја на Евровизија.
За жал, Република Македонија и оваа година не успеа да се пласира во финалето.