Претседателот на Собранието Талат Џафери претпладнево во законодавниот дом има средба со 16 амбасадори на земјите членки на Европската унија.

На средбата, како што е најавено, присуствуваат амбасадорите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.

За попладне е најавено и средба на претседателот на Џафери со претставници на медиумите на која, како што информира неговиот кабинет, се очекува да бидат разменети мислења за актуелните состојби во државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2017 13:34