Актерот Петар Темелковски денеска ќе им се претстави на гевгеличани со монодрамата „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, која премиерно беше изведена минатиот месец во Велес.

- Вапцаров е редок поет кој е преведуван на стотина јазици. Тој е поет на целиот свет, бидејќи напишал толку многу песни за својата земја и воопшто за праведно човештво, рече Темелковски нагласувајќи дека Вапцаров преку повеќе случки од својот живот докажал дека е голем патриот и храбар човек.

Авторскиот проект на Петар Темелковски, работен по повод 75 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, хуманист и поет, Никола Јонков Вапцаров, финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија. За претставата во Гевгелија влезот е бесплатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2017 13:54