На координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери, договориле одржување на локалните избори во октомври и законски интервенции заради продолжување на мандатот на актуелните градоначалници и општински совети.

На средбата присуствуваа преставници на СДСМ, ДУИ, БЕСА, Алијанса на Албанците, ДПА, но не и од ВМРО ДПМНЕ. Никој не даде изјава, се договориле деталите од средбата да ги споделат со јавноста преку соопштение испратено од кабинетот на Џафери.

,,Партиите се договорија дека од исклучителен приоритет за Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во месец октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците. Исто така, претседателот Џафери беше известен и дека партиите се согласуваат расправата по предлог-законот да биде ефикасна и да се исклучи секаква можност за нејзино непотребно одолжување“, стои во соопштението објавено по средбата.

ВМРО ДПМНЕ не дојде на закажаната координација во кабинетот на Џафери. Преку соопштение партијата вели дека нема да одговори на покана од нелегитимен претседател избран спротивно на деловникот.


Договорени локални избори за 15-ти октомври?

Новиот собраниски спикер пак ги повика партиите да формираат пратенички групи па работни тела со цел измени во изборниот законик за одложување на локалните избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2017 23:15