Во Македонија склучени се 13.199 бракови минатата година и има намалување за седум проценти во однос на претходната година, додека бројот на разводи лани изнесувал 1.985 и бележи намалување од 9,8 проценти.

Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу бракови односно 1.721 или 13 проценти се склучени во август, а најмалку се склучени во април, односно 637 или 4,8 проценти.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,5 проценти за жените и 91,2 проценти за мажите. Во втор брак, со учество од 8,1 отсто и трет брак, со учество од 0,7 отсто во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во најголем број од склучените бракови, жените биле на возраст од 20 до 24 години со учество од 33,7 отсто, а мажите во старосната група од 25 до 29 години со учество од 37,1 отсто.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 26.5 години за невестата и 29.3 години за младоженецот.

Што се однесува до разводите најмалку разводи имало во јуни 39 или 2 проценти, а најмногу во март 245 или 12,3 проценти.

Најголем број на разводи се случиле кога жената била на возраст од 25 до 29 години и мажот на возраст од 35 до 39 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2017 12:05