Медиуми: Кога ќе почнат преговорите за новата Влада?

Заев: Како што кажав и во изјавата, веднаш со мандатот ќе ја воспоставиме организацијата со партиите коишто дадоа 67 потписи, за да го скратиме максимално периодот којшто Уставот го предвидел, а тоа се 20 дена, да не ги чекаме тие 20 дена, 10 дена, па дури и помалку од 10 дена ќе се потрудиме да го составиме владиниот кабинет и да ја доставиме владината програма и предлогот за Влада, до Собранието на Република Македонија.

Медиуми: Господине Заев, дали можеме да очекуваме до крајот на идната недела формирање на новата Влада и колку е бројно сега новото мнозинство во Собранието, дали внатре е и БЕСА?

Заев: Ние ќе преговараме со ДУИ, со Алијансата за Албанците, и со БЕСА. 67 потписи добивме кога господинот Иванов побара да докажеме дека постои мнозинство, редот е тој, јас посакувам да бидат сите овие партии и коалиции создадени учесници во новата Влада. Како што реков ќе се потрудиме за 10 дена, и за помалку од 10 дена да ги завршиме договарањата, заради тоа што и самиот Деловник во Собранието предвидува одредени денови за дебата на пратениците, за информирање на пратениците, и за донесување на одлуката.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2017 12:20