На 52-годишна возраст, во Детроит, ненадејно почина фронтменот на групата Саундгарден, Крис Корнел, јави Фокс Њуз, повикувајќи се на публицистот на музичарот.
Нема официјални информации за причината за смртта на Крис. Портпаролот на Корнел изјави дека смртта била неочекувана и дека музичарот немал никакви здравствени проблеми а медиимуте веќе почнаа да шпекулираат дека станува збор за самоубиство.
Крис Корнел е најдобро познат како пејач на рок бенд Саундгарден Аудиослејв бенд, каде свиреше со музичарите од бендот „Rage Against The Machine“.