Фудбалскиот сојуз на Шведска вчера соопшти дека натпреварот меѓу Гетеборк и АИК е одложен по наводно обид за негово местење.
„Ова е сериозен напад на шведскиот фудбал. Никогаш, никогаш да не се дозволи да се случи тоа“, изјави Хакам Сјостранд, генералниот секретар на Сојузот.
Како што се наведува во соопштението, Фудбалскиот сојуз на Шведска ги истражува наводите дека на еден играч на АИК во вторникот му била понудена значителна сума пари за да придонесе да биде поразен неговиот тим.
Натпреварот меѓу Гетеборг и АИК требаше да се игра вчера.
Гетеборг моментно се наоѓа на 11-тото место на табелата на шведскиот шампионат со десет освоени бодови, додека АИК е шести со четири бода повеќе.