Во заостанатиот натпревар од 34-тото коло на Премиер лигата, Тотенхем убедливо како гостин го совлада Лестер со 6-1, со феноменалната партија на Хари Кејн и Сон Хонг-Мин.
Гостите поведоа во 25-тата минута. По одличната акција на Сон, мрежата ја затресе Хари Кејн. Сон првиот погодок го постигна 11 минути подоцна, а му асистираше Деле Али.
Делуваше дека ова би можело да биде неизвесен натпревар кога Чивел во 59-тата минута намали на 2-1, но потоа Хари Кејн повторно погоди по асистенцијата на Сон. Најдобриот стрелец на Тотенхем постигна гол во 63-тата минута. Потоа му асистираше на Сон во 71-вата, а со неговиот трет гол во 89-тата и четвртиот во втората минута од продолжението му го донесе убедливиот триумф на Тотенхем и се проби на првото место на листата на стрелците со 26 голови, два повеќе од Лукаку и три повеќе од Алексис Санчес. Ова му беше прв пат во кариерата да постигне четири погодоци на натпревар во Премиер лигата.
Тотенхем се наоѓа на второто место со 83 бода и претходно ја обезбеди групната фаза на Лигата на шампионите, додека Лестер, минатогодишниот шампион, е 11-ти со 43 бода.