Љубчо Георгиевски, Претседателот на ВМРО-НП беше гостин во дебатната емисија Топ тема на Телма телевизија.

Дали со ова гостување на Љубчо Георгиевски и официјално го потврди своето активно враќање во политиката како дел од извшрната власт.

Во јавноста кружат три верзии за неговиот иден политички ангажман. Првата верзија е дека Љубчо Георгиевски може да биде Министер за локална самоуправа и на тој начин под своја контрола да ги има градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои на локалните избори би победиле и би станале градоначланици поддржани и предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Втората можност е Љубчо Георгиевски да биде поставен на местото Министер за информатичко општество и администрација со цел има контрола врз партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од државната администрација.

Третата и најверојатна можност е на местото Министер за надворешни работи е да седне Никола Димитров, кој е во исклучителни блиски односи со лидерот на ВМРО-НП и кој пред некоја година официјално застана против Никола Груевски и фактички тој да биде линкот со Европската Унија и НАТО за побрза интеграција на Република Македонија во евроатлантските структури.

Исто така, фактот дека Љубчо Георгиевски има одлични лични врски со моќни луѓе и во Бугарија и во Грција, придонесуваат за оваа верзија да се оствари како реална. Иако, официјално Никола Димитров би бил Министер за надворешни работи, сепак од позадина, Љубчо Георгиевски би придонел кон решавање на спорот со името со Грција а би ја обновил и поддршката и релациите со Бугарија, која во изминативе години не беше на највисоко ниво.

Со ЕУ-НАТО тандемот пак се спомнува и именувањето на Радмила Шеќеринска како Министер за одбрана, поради тоа што токму тоа Министерство е клучно при влезот на Република Македонија во НАТО. Како кадар на СДСМ, и врз основа на нејзиното претходно искуство како дел од евроинтегративните структури, таа има исклучителни добри релации со Европски дипломати, па би требало да биде линкот за извршување на процедурите за НАТО прием на Република Македонија.

Случајно или не, на завчерашната топ тема се појави Љубчо Георгиевски додека во вчерашната емисија гостин беше Радмила Шеќеринска.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2017 10:49