Претседателот на Движење за реформи на ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, првпат по нападот во Собранието на 27 април, кога беше брутално претепан, ќе одржи прес-конференција в понеделник, извести портпаролот на ДР-ДПА, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил.

„ДР-ДПА со задоволство известува дека в понеделник, во 13 часот, во седиштето во Тетово ќе се одржи првата прес-конференција на нашиот претседател Зијадин Села. Прес-конференцијата е првата по нападот на 27 април, кога лидерот Села беше онеспособен и сериозно повреден, но Албанците не потпаднаа на гнев кон криминалците и на радост на секој пријател на Албанците, господин Зијадин Села се враќа в понеделник во Тетово“, напиша Таравари.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2017 11:06