Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев денеска во 12.30 часот ги почна преговорите за идниот владин кабинет со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Средбата со одржува во седиштето на СДСМ, каде Ахмети пристигна точно во договорениот термин, но не даде изјава за медиумите.
По средбата со Ахмети, треба да следуваат и преговори со другите претставници на партиите од новоформираното парламентарно мнозинство, односно со Алијанса за Албанците и Беса, кои би требало да учествуваат во составот на новата влада.
Се очекува преговорите да течат и во текот на викендот.Ahme