Во седумдесетите години на минатиот век па се до крајот на деведесетите години најголемото и најпрактичното технолошко откритие беше машината за куцање. Застапена во сите фирми, неминовна алатка за работа на државната администрација.
За работа на неа се организираа курсеви и се добиваа дипломи. Тој/таа што знаеше да направи „delete“ на машината за куцање во истиот момент се стекнуваше со статус на експерт.
А еве како би изгледала истата таа направа доколку беше актуелна во 21 – от век и имаше на неа смајлиња. Т.е. Emoji Keyboard