Стопанска комора на северо западна Македонија од идната влада ја побара функцијата заменик-премиер од редот на бизнисот и за тоа го предлага Неби Хоџа.

Како што беше соопштеное на денешната прес-конференција СКСЗМ од идната влада ја побара функцијата заменик-премиер од редовите на бизнисот, што е дискутирано на средбите со лидерот на СДСМ и на кои е потенцирано активното учество во извршната власт и целосно усогласување на интересите на бизнисот со владините политики.

Од Комората потенцираат дека бизнисот треба да има пристап во подготовката на законите пред тие да ги поминат филтрите на владата, а не откако ќе влезат во собраниска процедура.

Предлогот за кандидатот за вицепремиерот за економски прашања да биде Неби Хоџа е усвоен со мнозинство гласови на вчерашниот состанок на Управниот Одбор на СКСЗМ.

– Со оваа функција во новата влада, СКСЗМ очекува да придонесе кон подобрување на комуникацијата помеѓу извршната власт и бизнис секторот во врска со проблемите и дилемите кои влијаат на правењето бизнис. Бараме зголемено учество на бизнис заедницата во подготовката на законите и усогласување на законските измени со барањата и потребите на бизнисот и активно учество во контролирање на владините економски политики, истакнуваат од Комората.

Оттаму додаваат дека идејата за ваквата иницијатива е заморот од неизвесната политичка клима, несигурноста, недостатокот на пари во бизнисот и многу други проблеми кои го попречуваат работењето.

СКСЗМ, како што беше посочено на прес-конференцијата, смета дека е време бизнисот да биде вклучен заедно во изработката и спроведувањето во пракса на економската и развојната политика на државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2017 10:26