На СДСМ му оставаме огромни средства во буџетот, изјави вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој вели дека во 2006 година кога тие дошле на власт, во буџетот имало само 3 милиони евра, кои за само десетина дена ги снемало затоа што биле активирани десетици извршни решенија на изгубени судски рочишта што ги имала владата, па поради тоа Владата била блокирана.

„Во буџетот во моментов има 180 милиони евра, од кои 50 милиони ќе бидат поделени на земјоделците на име на субвенции, по одлуката на Уставниот суд дека нема законски пречки за такво нешто. Мене ме загрижува што СДСМ уште не составиле влада и не влегле во владата, а веќе бараат изговори за нивното неработење кое што ќе следува, за нивната неспособност. Уште сега почнуваат со лажни вести, а што ли се ќе слушаме кога ќе влезат во владата за да имаат алиби за тоа што немаат никакво алиби затоа што немаат никаква сериозна програма и план“, рече Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2017 10:59